2020 № 4 (42)
Ѓорѓиева Димова М.
Рациновото ποιέω / Ποιέω в поэтическом творчестве Кочо Рацина
Аннотация
Поаѓајќи од античките конотации на глаголот ποιέω (прави, произведува, твори, креира – најпрвин предмети, вино, а потоа и уметнички дела) и неговите деривации (ποίησις – правење, творење, произведување, креација, поетско создавање, поетско дело, песна без и со музичка придружба; ποίημα – нешто што е направено или креирано, дело, поетско дело, песна или чин и ποιητής – оној кој прави, човек кој работи, творец, почетник, поет, автор, композитор на музика) целта на овој текст е да ги аргументира манифестациите на базичните значења на ποιέω во рамки на творечкиот чин на Кочо Рацин. Интерпретативниот фокус е поставен на две рамништа. Прво, врз песните од стихозбирката «Бели мугри» толкувани низ призма на интертекстуалниот однос кон македонската народна поезија, но и кон дел од лектирата на Рацин; низ призма на интратекстуалниот однос помеѓу работните верзии на песните и нивните конечни, печатени редакции, но и помеѓу објавените песни во стихозбирката и низ призма на архитекстуалниот однос кон одделните жанровски модели на лириката. Второ, фокусот е поставен врз дел од аргументациите што се понудени во рамки на истражувањата на рацинолозите (Блаже Конески, Александар Спасов, Гане Тодоровски, Димитар Митрев).
В статье раскрываются проявления базовых значений ποιέω в творческом процессе у Кочо Рацина. В ходе анализа стихотворений из поэтического сборника «Белые зори», выявляются связи с македонской народной поэзией; сопоставляются черновики, варианты стихотворений и их окончательная редакция. Поэтическое творчество Рацина исследуется также в контексте жанровых трансформаций лирических форм. Свои рассуждения автор соотносит с теми выводами, которые были сделаны в исследованиях Блаже Конеского, Александра Спасова, Гане Тодоровского, Димитра Митрева, посвященных творчеству Кочо Рацина.
Ключевые слова
ποιέω, интертекстуалност, интратекстуалност, архитекстуалност
Кочо Рацин, поэтическое творчество, ποιέω, интертекстуальность, интратекстуальность, ахритекстуальность